Македонија
7. October 2019 - 11:30

Пронајдени 27 мигранти во патничко возило во Струмица

На 06.10.2019 во 11.15 часот во СВР Струмица биле приведени Д.М.(22) и И.С.(39), двајцата од Богданци, затоа што на местото викано „Крива река“ во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени 27 лица – мигранти (10 од Авганистан и 17 од Пакистан). По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.