Пронајдени 23 стари монети и 11.800 евра, приведен скопјанец на Табановце
Полицијата ноќеска приведе 53-годишен скопјанец на граничниот премин Табановце во чие возило биле пронајдени 23 стари монети и околу 12 илјади евра.
– Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце денеска во 00:25 часот го лишиле од слобода З.Т. (53) од Скопје. При пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ, по што, со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
-
Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот
-
Наутро свежо, преку ден топло
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце