Пронајдени 20 милиони долари под душек
Околу 20 милиони долари се пронајдени под душек на Бразилец, обвинет за перење пари во Масачусетс, САД.
Тој бил вмешан во финансиски измами за милијарди долари, соопштија од “Гардијан”.
Федералните судии во Бостон го обвинија Клебер Рене Ризарио Рошан, на 28 години затвор за соучество во истрагата за корпорација Телекс Фриј.
Фирмата, која се претставувала како интернет компанија за телекомуникации, била голема пирамидална шема.
Таа објавува банкрот во април 2014 година и должи над 5 милијарди долари на своите над 965.225 корисници во САД.
Во Бразил фирмата должела над 1,76 милијарди, кога објавила стечај.
Адвокатот на обвинетиот одби да даде коментар. Бразилецот бил издаден од анонимен сведок, а полицијата го следела некое време пред да влезе во неговиот дом и да ги открие парите.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“