Пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан кај Велес

Утринава околу 06.30 часот на клучка Велес во правец на Свети Николе, полициски службеници забележале патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки за кое постоеле сознанија дека е претходница во случај на криумчарење на мигранти, соопштија од МВР.
Откако тргнале по возилото, полициски службеници забележале друго возило „ауди а8“ без регистарски ознаки кое поминало покрај нив со голема брзина.
По кратко време возилото „ауди“ било пронајдено во близина на с.Сарамзалино, општина Лозово и во него биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негова насока дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, а дел во транзитниот центар во Гевгелија. С епреземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
