-->
-->
Пронајдена отровна змија во детска кутија за храна во Австралија
-->
Смртоносна змија „бебе“ од родот источна псевдонаја (Pseudonaja textilis), е пронајдена во детска кутија за ручек во Хандорф, Јужна Австралија.
- Го видов тоа што не го очекува едно дете кога ја отвора својата кутија сo овошје, гласи коментарот до фотографијата која на Фејсбук ја објави Роли Барел, познат локален „експерт за фаќање змии“.
- Кога жената ја отворила кутијата, не ја ни видела змијата. Токму кога сакала да го стави ручекот внатре, ја забележала, ја затворила веднаш кутијата и ни се јави нам, раскажува тој потоа за Радиото АБЦ.
Натаму, тој додава дека гризнување на „бебе“ змија од тој вид, е опасно исто колку и она на голема змија.
Претходно месецов, девојче од Бризбејн најде црна „бебе“ змија, исто така, во детска кутија за ручек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%