Пронајден жив Кинезот кој пред 17 дена беше пријавен за исчезнат по земјотресот
Мажот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, пренесува АП.
Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој по 17 дена бил пронајден жив од локален жител, јави кинеското радио.
Ган Ју и неговиот колега Луо Јонг останале во хидроелектраната Вандонг на 5 септември за да им помогнат на повредените колеги и да помогнат во спречување на поплави со испуштање вода од браната. Ган и Луо се обиделе да заминат и пешачеле околу 20 километри во планините околу хидроцентралата.
Неделава во потрагата се вклучи и земјоделец кој живее во близина на хидроцентралата и го знае теренот и по неколку часа го слушнал Ган и го нашол под дрвјата.
Според кинескиот весник China Daily, Ган рекол дека го преживеал 17-дневното искушение пиејќи вода и јадејќи диво овошје. Тој бил пренесен во блиската болница, каде што лекарите откриле дека има неколку скршеници, јавува АП.
Ново на Сител
-
Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената
-
Пожар од запалена цигара оставена на душек во Кавадарци
-
Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи
-
СДСМ со честитка за Денот на Армијата
-
ВМРО-ДПНЕ: Владата ќе откупува пченица од македонските земјоделци за државните резерви
-
ИНРМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Приведена 46-годишна жена, возела со 107 км на час на место каде што е дозволено 50