-->
-->
Пронајден кокаин и мини лабораторија во Тетовско, приведено едно лице
-->
Полицијата информира дека во селото Слатино приведен е 47- годишник поради пронајден кокаин и мини лабораторија. Полициските службеници од СВР Тетово денеска приведувањето го извршиле по претходно обезбедена судска наредба и претрес во домот на осомничениот.
-Кај 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино при претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри. Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски