Балкан
9. November 2015 - 9:18

Пронајден 15-годишниот Михајло - Сите мислеа дека е киднапиран, а тој криел...

15-годишниот Михајло Савиќ кој исчезна со што ја крена цела Србија на нозе, не бил киднапиран туку сите убаво ги насамарил. Момчето од Краљево од кое немаше ни трага ни глас, всушност отишол на училиште утрото кога исчезнал. Се степал со другарче во училишниот двор, а потоа другарот отишол да го пријави настанот и кај директорот и во полиција. Тој се исплашил бидејќи го повредил другарот и побегнал.

Тој бил пронајден синоќа во 21 часот здрав и жив во Чачак. 

Семејството објави дека го бара момчето на Фејсбук и другите социјали мрежи. Иако се мислеше дека е киднапиран, а тој излажал, сепак семејството е среќно што се сите заедно во домот.