Пронајде куфер на автопат, ќе го следи ужас цел живот
Моторџија возејќи по автопатот Карунда во Австралија пронајде куфер. Откако го отвори виде ужасна слика која ќе го следи за цел живот.
Имено во куферот биле спакувани посмртните останки на дете на возраст од 2 до 5 години како и негова облека.
Австралиската полиција ги објави фотографиите од пронајдената облека во куферот со надеж дека ќе се открие идентитетот на несреќното дете.
Се верува дека било жртва на ужасно мачење и злоупотреба пред да биде убиено и спакувано во куферот кој потоа е фрлен покрај автопатот.
Бидејќи е пронајдена розова облека се претпоставува дека жртвата е девојче иако во текот на истрагата од остатоците не може да се утврди ниту полот, возраста а нема ниту ДНК за проверка во базата на исчезнати деца.
Истрагата е во тек и откако се објавени парчињата облека во полицијата пристигнале над 100 повици чија содржина се проверува со надеж дека ќе се открие идентитетот на детето како и осомничен за ова ужасно злосторство.
Ново на Сител
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места