Промовирни нови комплети униформи за припадниците на ЕСЗ
Единицата за специјални задачи денеска добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување на посебни и специјални задачи.
Набавени се 200 комплети униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплети униформи за специјална полиција за рурална средина, во рамки на активностите на МВР за овозможување на соодветни услови за работа на припадниците на МВР.
Ова го изјави дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на промоцијата на унформите во касарната Илинден.
Тој потенцира дека секојдневните ангажмани на актуелното раководство на МВР јасно ја докажуваат цврстата решеност полицијата да се трансформира во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.
- Опременоста на полициските службеници, нешто што сосема беше занемарено цела деценија наназад, не може и не смее да се игнорира. Тоа е прашање од круцијално значење, потенцира Спасовски потсетувајќи дека веднаш по неговото доаѓање на чело на МВР јасно кажал дека тој дотогашен третман на полициските службеници под сите минимални стандарди е недозволив и навредлив.
Министерот Спасовски потенцира дека продолжува истото темпо и во наредниот период. Се реновираат полициските станици, се набавуваат униформи и опрема за полициските службеници, со цел да се овозможат сите потребни услови за работа, што пак носи подобри резултати во работењето односно поголема сигурност за граѓаните.
На прашањето колку Албанци ќе ја носат оваа униформа Спасовски рече дека оваа униформа не се носи врз основа на национална или верска припадност.
- Оваа униформа се носи врз основа на подготвеност. Ние во моментов имаме еден интерен оглас, се спроведува дрил тестот којшто е исклучиво единствен меродавен за влез во оваа единица и сите припадници на МВР коишто ќе ја поминат таа обука ќе имаат шанса да ја носат оваа униформа. Оваа униформа е привилегија заради тоа што се работи за најелитната единица и најподготвената единица МВР и гордост на безбедноста на РМ и тука апсолутно не станува збор дека ќе влезе еден или друг врз основа на која било припадност, туку врз основа на подготвеност заради тоа што овде нема импровизација. Овде треба да бидеме подготвени и во секој момент треба оваа единица да одговори на најголемите предизвици со коишто се соочува, додаде министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино