Промовирани публикации за потребите на Бизнис центрите на планските региони

Во Скопје денеска беа промовирани Водич за инвеститори, Збирка на индустриски зони и ВЕБ платформа, решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво за секој од планските региони, изработени за потребите на Бизнис центрите на планските региони во рамки на проект на Министерството за локална самоуправа, реализиран со поддршка на УНДП.
Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани рече, дека оваа 2015 година ќе остане запаметена како година во која се воспоставени бизнис центри во сите осум плански региони, кои ќе располагаат со Водич за инвеститори во планскиот регион, Збирка на индустирски зони, Електронски регистри на мали и средни претпријатија, како и ВЕБ платформа на која ќе бидат достапни сите информации за постојните и потенцијални инвеститори.
- Со овие нови алатки јавниот сектор своите развојни политики ги симнува на локално ниво, поблиску до бизнис секторот, како директен корисник на услугите што ќе ги испорачуваат Бизнис центрите, истакна Шабани, на денешниот координативен состанок со центрите за развој на планските региони.
Советите на планските региони, продолжи Шабани, оваа година усвоија и нови Програми за развој на планскиот регион за периодот до 2019 година, додавајќи дека Министерството во соработка со Центрите и Бирото за регионален развој финансира 107 проекти со 2.160.000 евра.
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон на денешната презентација на решенијата, изрази задоволство од соработката со Министерството, особено во процесот на децентрализација и обезбедувањето на развој, нови работни места и еднакви можности локално, на ниво на општини и региони.
- Бизнис центрите на планските региони од април годинава организираа 28 различни настани, кои привлекоа повеќе од 1.000 бизнисмени, кои се информираа за инвестирање и за можностите достапни на локално ниво, што покажува дека тие во иднина ќе помогнат за поддршка на бизнис заедницата и обезбедување на подобар живот за луѓето на локални и регионално ниво, истакна Винтон.
Ново на Сител
-

Сали: Дигиталната трансформација клучна за европската интеграција, радиодифузијата столб на безбедно и отпорно општество
-

Презентирани инспекциските извештаи на судењето за „Пулс“, одбраната бара ограничување на доказите
-

Трамп: Постигнат е договор за нуклеарното оружје на Иран
-

Малолетник со мотоцикл удрил во 74-годишна жена во Кочани
-

Мицкоски: Нема цена што може да ме натера да влезам во авантура без извесен крај за преговорите со ЕУ
-

73-годишна жена од Струга се онесвестила на пат и удрила во товарно возило
-

58-годишник од с.Брвеница полово вознемирувал 15-годишно девојче во комбето со кое вршел превоз на патници
-

Татко и чичко по расправија пукале кон објект на нивниот син на патот Сарај - Матка
