Промовирани изданијата на Институтот за македонска литература во 2015 година
Институтот за македонска литература-Скопје денеска во Матица Ексклузив ги промовира научните изданија, монографијата „Трајко Китанчев книжевна, културна и револуционерна дејност“ од д-р Валентина Миронска-Христовска и книгата „Културната преродба во Прилеп во 19. век“ од м-р Славчо Кобиловски, објавени во 2015 година.
Двете книги обработуваат тематика од 19. век и носат нови проследувања и согледувања за настаните од тој период.
Д-р Илија Велев, рецезентот на монографијата „Трајко Китанчев, книжевна, културна и револуционерна дејност“ посочи дека единствено Валентина Миронска-Христовска во овој момент е целосно посветена на проследувањето на книжевните процеси во Македонија од периодот на 19. век.
- Таа е поставена пред предизвикот да ги приспособи сопствените методолошки пристапи на истражувањата кон новите барања на современтата глобализација - духовните, културните и идеолошките процеси произнесувани и одразени во 19. век да се набљудуваат и тилкуваат како општи цивилизациски вредности од чиишто извори се напојуваат сите основоположени традиции на Балканот и пошироко мнеѓу кои и македонската традиција и македонскиот културно-историски идентите, рече Велев.
Тоа, како што рече, мораше да се одрази во нејзините книги објавени во последната деценија.
- Новата книга на Миронска-Христовска е значајна зашто токму преку идејната, просветната и книжевната дејност на преспанчанецот Трајко Китанчев, кој живеел од 1858 до 1895 година, директно ја преточува дисперзијата на актуелните големополитички контраверзи околу дефинитивната афирмација на македонската национална свест и на македонскиот културно-историски идентитет кон крајот на 19. век, рече Велев.
Тој посочи дека историскиот контекст на времето кога дејствувал и творел Китанчев влијаел да се притегнува и да се откупува македонското себепрепознавање и себепотврдување, а при тоа активираните процеси на асимилација од соседството ја принудувале македонската интелегенција на индиректно дистанционирање од сопствениот национален, духовен и културен идентитет.
- Книгата на Миронска-Христовска претставуа дефинитивна корекција на неоправданиот однос кон Китанчев што подолг период од современиот развој на македонистиката го имаа македонските истражувачи само поради историскиот факт дека во март 1895 година на Првиот македонски конгрес бил избран за негов претседател и автоматски се претставуваше дека бил назначен и за претседател на Врховниот македонски комитет. Без критички да се согледа и протолкува неговата револуционерна и културна улога како нагласен македонист, едноставно по инерција беше третиран како врховист, како близок до прифаќањето на пробугарските импресии поради што следеше и неговотонаучно премолчување, рече Велев.
Промоторот на книгата „Културната преродба во Прилеп во 19. век“ д-р Валентина Миронска-Христовска рече дека Кобиловски во неа го расветлува и афирмира периодот на 19. век во Прилеп и врши афирмација на ликови и настани и дава слика за прилеската културна вистина.
- Уште во првата реченица авторот бележи дека за него ова истражување претставувало предизвик поради прегледувањето на многу спомени, статии, дописи и архивски материјали. Во делото се заложил да ги претстави значајните настани и личности кои оставиле траен белег не само на културниот развој на Прилеп, туку влијае на културниот развој пошироко во Македонија, рече Миронска-Христовска.
Таа нагласи дека во книгата се образложени општествено-политичките и економските прилики, борбата преку Цариградската патријаршија, почетоците на револуционерните активности во Прилеп, дејноста на народните учители, црковната училишна општина и борбата против грчкиот јазик и образованието, отворањето на народни училишта... Во книгата се застапени и авторите кои извршиле силно влијание врз равојот на македонската музичка култура и имиња кои го трасирале патот на македонското новинарство.
Досега Институтот има објавено околу 90 научни книги и 33 зборници од научните симпозиуми со трудови од иследувачи од земјава и странство. Како посебен сегмент Институтот ги издава списанијата „Спектар“ и „Контекст“. Спектар во 2015 година излезе во два броја 65 и 66, а Контекст имаше само едно издание бројот 13.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот