Промовирани 26 грантисти на Проектот на УСАИД за граѓанско учество
Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД денеска ги промовираше добитниците на 26 грантови со вкупен износ од над еден милион американски долари.
Целта на ПГУ е да ја зајакне поврзаноста помеѓу граѓаните и владата преку поддржување на конструктивна и позитивна вклученост на граѓанските организации и алијансите, и младите во дискусиии за јавни политики, обезбедување јавни услуги и развој на заедницата.
- Овие грантови ќе ги унапредат јавните политики, ќе го подобрат квалитетот на јавните услуги, ќе доведат до подобри процеси на владеење и ќе го подигнат стандардот на живеење на луѓето во Македонија, истакна во обраќањето Дејвид Атбери, претставник на УСАИД во Македонија. Додаде дека преку Проектот за граѓанско учество УСАИД им помага на организациите и младите позитивно да се вклучат во дијалог со јавноста, приватниот сектор и Владата, да развиваат јавни политики и да овозможат клучни услови за добросостојбата во македонското општество.
Проектот за граѓанско учество на УСАИД ја почна својата активност во август 2016. Се работи за петгодишна иницијатива која се спроведува од Ист Вест Менаџмент Институт во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Фондацијата отворено општество во Македонија и Националниот младински совет на Македонија.
На настанот на кој беа промовирани 26-те грантисти беше прикажано и видео со краток опис на организациите, нивните цели и активности. Видеото е подготвено од самите грантисти и составено од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Промоцијата беше дел од Недела на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество на УСАИД која ќе опфати серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.
Ново на Сител
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
-
Малолетничка тешко повредена откако со својот електричен тротинет се судрила со автомобил
-
66-годишен тетовец ја истепал својата поранешна девојка, потоа барал да ја повлече пријавата против него