Промовирана стихозбирката „Песна на ѕвездите“ од Нада Алексоска

Во рамки на манифестацијата „Велес-град на културата 2015“ синоќа во медиотеката на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана стихозбирката „Песната на ѕвездите“ од Нада Алексоска. Стихозбирката содржи 39 песни, поделени во пет циклуси.
Книгата ја промовираше публицистот Васил Тоциновски. Појасни дека Алексоска е типичен велешки поет бидејќи некои од нејзините песни се посветени на два симболи на Велес, на непокорот на македонскиот народ - Миле Поп Јорданов и Кочо Рацин.
- Во некои од песните авторката се потсетува на сопственото детство и младост, а заскитува и по велешките сокаци и маала покрај брегот на Вардар и се она што некогаш било живот. Некогаш постоело пријателство, доверба и соработка, а тоа е сочувано во стиховите на Алексоска. „Песна на ѕвездите“ е за родителите, за своите деца, за гнездото во кое птицата си останува секогаш своја на своето, потенцира Тоциновски.
Поетесата Нада Алексоска, која е професор во пензија во 1999 година ја има издадено монографијата „Смилан Гриовски-агентот на ЦИА“, во 2009 година збирката поезија „Кога душата говори“ и во 2013 година збирката раскази „Под сенката на брезата“.
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
