Промовирана позорникарската служба во Куманово

Седумдесет позорникари се враќаат во малаата низ Куманово, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при промоцијата на овој проект на градскиот плоштад.
Реонските полицајци ќе придонесат за зголемување на довербата на граѓаните во полицијата, граѓаните ќе контактираат со нив, ќе им се обраќаат за различни потреби и ќе се зголеми безбедноста во градовите, улиците и населените места. На ниво на градот СВР Куманово веќе определил 17 реони.
- Маалски полицаец стоеше и во предизборната програма и во програмата на Владата, заради тоа што исклучителна важност во полициското работење има позорникарската служба и во делот на ефективното работење, зближување со граѓаните, познавањето на средината во која што работи позорникарот и градење на таа врска која што беше прекината полицаец-граѓанин на кој било град во Македонија, рече Спасовски.
Реонските полицијаци се исклучително значајни, оцени министерот во делот на превентивата, бидејќи граѓаните ќе имаат можност предвремно да се обраќаат за негативните појави во нивното опкружување.
- Чест ми е што во Куманово ја промовираме позорната служба. Веќе започнуваме на подрачјето на секторите за внарешни работи Штип и Битола и ќе продолжиме во сите градови на Македонија, рече тој.
Во Куманово ќе се зголеми бројот на реони, а полицајците кои се приправници ќе бидат ангажирани како позорникари.
- Мислам дека тој дел ќе придонесе максимално да ја зајакнеме врската помеѓу граѓаните и македонската полиција, која што реков, беше прекината, изјави министерот.
Позорникарската служба ќе функционира на ниво на осумте сектори во државата. Скопскиот сектор, рече министерот е најголем по обем, бидејќи таму се наоѓаат и витално-значајните објекти за државата, дипломатско-конзуларните претставништва и истакна дека таму се потребни најголем број на полицајци.
- За жал, ние сега во моментов во СВР Скопје имаме најмал број на полицајци, изјави министерот.
Секој од секторите прави оперативна проценка за бројот на реоните и позорникарите. И по воведувањето на службите ќе се следи состојбата и и потребите во однос на бројот на полициски службеници. Разликата, појасни министерот помеѓу обичниот и реонскиот полицаец е тоа што реонскиот работи на одреден реон, ги запознава луѓето, постојано комуницира со граѓаните, работи во својот реон и е многу значаен за ефикасното работење на полицијата и во превентивата.
Министерот за внатрешни работи, денеска го посети и поранешниот Дом на Армијата на РМ, кој е реновиран и каде што се сместени неколку одделенија од СВР Куманово, секторот за управни служби, за странци, за оружје и за прекршоци.
- Знаете дека во Куманово овие сектори работеа во посебно лоши услови. Сега во Домот на Армијата кој што беше реконструиран од средставата на МВР, за овие шест месеци целосно опремен со потребната техничка опрема. На површина од 800 м2, во модерен, современ стил уредени, така што граѓаните со задоволство ќе можат да ги завршуваат своите обврски и да се зголеми мотивираноста кај вработените во овие сектори, рече министерот.
Подобрување на условите за работа на полициските службеници, реконструкција и реновирањето на полициските станици, во соработка со вработените ќе продолжи и во идниот период, вети министерот со цел да се обезбедат потребните материјално-технички средства, да се подобрат условите за работа, а со тоа да се постигне и подобра безбедноста во државата.
Ново на Сител
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
