Промовирана монографијата „Воени генерали во Македонија (1943-2017)“
Монографијата „Воени генерали во Македонија (1943-2017)“ од генералите во пензија, Мирослав Стојановски и Борис Стојаноски беше промовирана денеска во Домот на АРМ во Скопје, во рамки на активностите за одбележување на 25 години од формирањето на АРМ.
Монографијата е во издание на Здружението „Клуб на генерали на Република Македонија“, а е поддржана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како значајна публикација за воената историја на Република Македонија.
Претседателот на Здружението „Клуб на генерали на Република Македонија“, пензионираниот генерал Драган Андрески рече дека монографијата е прво значајно дело од кое историски понатаму би се собирале податоци за генералите кои со досегашната работа и труд придонеле во развојот на Република Македонија и на АРМ.
Авторот на монографијата, генералот во пензија, Мирослав Стојановски истакна дека монографијата претставува ексклузивно дело кое содржи многу биографски и други податоци за 90 генерали колку што има во поновата историја на Република Македонија за периодот од 1943 до 2017 година.
- Нашата главна цел беше на едно место да бидат собрани податоци за една специфична општествена група, се работи за генерали кои за време на својот работен век не дале придонес само во оној дел што значи професијата односно професионалниот развој на организацијата, туку и во општествениот живот на државите во кои живееле, рече Стојановски.
На овој начин, посочи, даваме еден придонес и во афирмацијата на Здружението кое заслужува поголемо внимание и ангажман во општеството, односно на ангажирањето од страна на надлежните институции кои имаат одговорности во одбранбениот и безбедносниот сектор.
- За мене е неприфатливо во поновата историја на Република Македонија да има помалку признанија за генералите, отколку што е тоа случај со странските држави. Значи повеќе има странски признанија и одликувања отколку домашни, додаде Стојановски.
Промоторот Марјан Димитриевски рече дека генералите се тие кои ги удриле темелите на современата македонска држава уште во далечната 1944 година.
- Генералите се тие кои во 90-тите години застанаа зад штитот на македонската сувереност и независност. Тие да не беа можеби денеска и немаше да има суверена Република Македонија. Тие ја организираа АРМ онаква каква што ние денеска ја познаваме, современа, модерна, членка која е придружничка на НАТО. Генералите се тие кои денеска ни даваат сигурност дека државата чекори на вистински пат, додаде Димитриевски.
На промоцијата на монографијата присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, поранешни министри и началници на ГШ на АРМ, претставници на Асоцијацијата на воени аташеи, голем број на високи воени раководители и претставници од МО и АРМ, како и членови на клубот на генерали.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната