Македонија
6. July 2016 - 16:00

Промовиран Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби во Крива Паланка

Во Крива Паланка денеска се одржа промотивна презентација на активностите на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби.

На настанот присуствуваа претставници од воспитно-образовните институции од општината, меѓуопштинскиот Центар за социјални работи од Крива Паланка, Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост, родители на деца со попреченост и останати лица, а гости беа Елена Кочоска и Јулијана Климоска од Движење против хендикеп „Полио плус“.

Регионалниот координатор Бранкица Димитровска, рече дека целта на настанот е да се информирааат со проблемите со кои се соочуваат родителите на децата со посебни потреби, лицата со посебни потреби и професионалците.

- Овде сме да ги запознаеме присутните со целите и мисијата на Ресурсниот центар, со она што ги поврзува со нас. Дата базата со деца и семејства на лица со посебни потреби и податоци која ја подготвува центарот, а ќе им биде од корист. Таа база содржи медицински карактеристики, но и секаков вид други потреби кои ги имаат тие лица, изјави Димитровска.

Додаде дека со гостите и редовни соработници од „Полио плус“ ја презентираа и Меѓународната конвенција на правата на лицата со хендикеп, со акцент на социјалната заштита и образованието.

- Во претстојниот период планираме заедно со „Хендикеп плус“ и Ресурсниот центар да имаме средби со родители и останати општествени чинители каде ќе се промовира Конвенцијата и ќе се даде осврт на проблемите на лицата со хендикеп и на релевантните институции, особено во руралните подрачја, со акцент на образованието како предизвик или парадокс за наше вклучување во редиовниот образовен процес, изјави Елена Кочовска од „Полио плус“.

Рече, пред за нив е голем предизвик се она што треба да се превземе во претстојниот период за интегрирање на децата со хендикеп во редовниот образовен систем.

- Нашата држава се обврзала со Меѓународната конвенција да не вклучи во редовниот образовен процес, а не да не сегрегира во некакви „специјални“ групи и центри, па во таа насока во наредниот период ќе се реализираат нашите активности, додаде Кочовска.

Настанот е дел од тековниот проект кој Ресурсниот Центар го спроведува со УНИЦЕФ.