Промовиран нов современ ехо апарат на Клиниката за нефрологија

Нов современ ехо апарат со многу голема прецизност во дијагностицирањето е промовиран денеска на Клиниката за нефрологија. Апаратот овозможува напредно ниво на дијагностички и интервентни процедури, како што се различни типови биопсии на бубрег, на простата...
Вредноста на новата опрема е околу 3,5 милиони денари. Вредноста на целата опрема набавена во последните неколку години е околу 10 милиони денари и таа е ставена во функција.
Во посета на Клиниката за нефрологија денеска беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека новиот современ ехо апарат има повеќе функции кои ги нема стариот апарат на Клиниката кој беше во употреба повеќе од 23 години.
- Очекувам во наредниот период дополнително да се воведат и методи кои воопшто не се работеле на Клиниката, а чие воведување е можно со набавката на овој апарат. Се договоривме во наредните денови да добиеме предлог за доктори од Италија или од некои други европски држави кои би дошле да извршат дополнителна едукација на докторите на нефрологија со цел воведување и на тие методи, посочи Тодоров.

Нагласи дека од Клиниката на нефрологија досега се испратени повеќемина доктори на обуки во странство и тоа во Италија, Словенија, Хрватска, а како резултат на тоа воведени се нови методи.
- Имаме петмина кои се или на субспецијализација веќе или ќе почнат со специјализација или се веќе започнати со специјализација по нефрологија согласно новата програма. Исто така, се предвидени и дополнителни едукации за оваа година. Министерството за здравство во соработка со Клиниката за нефрологија работи како на воведување нови методи, набавка на нова опрема, така и на обуки на докторите и останатиот медицински персонал кој работи на оваа Клиника, додаде Тодоров.
Директорот на Клиниката за нефрологија, Александар Шиколе рече дека новиот апарат значи значително засилување во дијагностичките и терапевтските процедури кои Клиниката ги пружа на граѓаните на Република Македонија.
- Апаратот пружа значително поголеми можности заради тоа што во себе има нова технологија во споредба со она што го имавме досега. Очекувам оваа година на него да се направат 4.000 процедури од кои 500 разни интервентни процедури односно биопсии на бубрег, простата, празнење на цисти во бубрезите и поставување на нефростоми таму каде што уродинамиката е комплетно отсутна односно опструирана, истакна Шиколе.
Посочи дека ќе се прават и процедури на проценка на крвните садови, значи доплер на крвните садови на бубрезите со прецизно мерење на протоците низ артериите низ вените на крвта, како и прегледи на тестиси и други ехо процедури.
- Апаратот после само 10 дена од набавката го ставивме во функција. Веќе работиме со него и ги гледаме неговите предности, значи една многу повисока резолуција односно прецизност во дијагностицирањето и проценка на квалитетот на ткивото од органите што ги гледаме. Ова значително подобрување ќе ни овозможи посигурна, попрецизна и поквалитетна медицинска услуга за нашите пациенти, додаде Шиколе.
Ново на Сител
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
