Промовинара книгата „Солзите на Преспана“ на Лидија Дочовска-Павловска
Во големата сала на општина Ресен синоќа беше промовирана првата книга поезија на Лидија Дочовска-Павловска „Солзите на Преспана“.
Преку поезијата, авторот ги пренесува филозофско-психолошките размислувања за одредени состојби во животот. Песните на Дочовска-Павловска се симбиоза на лирски тонови и рефлексиран одсјај, низ кој провејува односот за човек меѓу човек.
- Во релацијата човек меѓу човек ја гледам смислата на животот, на опстојувањето, затоа што кога постои човечки однос меѓу луѓето тогаш постои љубовта. Кога убавиот збор ќе се употреби во меѓучовечките односи не само во поезијата, тогаш светот би бил поезија, вели Дочовска-Павловска.
Книгата, како што посочи, насловот го добила по митот за настанувањето на името Преспа и на Преспанското Езеро. За првата поема, која го носи името „Солзите на Преспана“ авторот истакна дека е автобиографска.
- Поемата претставува кованица од убавината и љубовта кон преспанскиот крај, себепотрагата и оптимистичката порака за секој од нас, да се гледа напред низ животот. Првата и последната песна се пишувани во стилот на преродбениците, останатите низ шест циклуси се пренесени на еден посебен стилски изграден поетски израз со сопствена конзистентна поетска визура, рече Дочовска-Павловска.
Песни од книгата „Солзите на Преспана“ уште необјавени беа наградени на повеќе национални конкурси. Истиомената поема е добитник на првата награда на манифестацијата ,,Поетска везилка“ во Прилеп, одржана во чест на доајенот на македонската литература Блаже Конески. Песната ,,Расчекор“ ја доби Климентовата повелба за најубава песна, додека песните „Немир во мир“, „Без наслов“, „Лотосов сон“, „Маски и Битие“ ќе бидат дел од Македонската новогодишна антологија. Три лирски песни се преведуваат на бугарски јазик и ќе бидат дел од меѓународна антологија...
Ново на Сител
-
ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат
-
Приведени две лица, на отворено палеле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици и да ги продадат
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“