Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
Народниот правобранител и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” финансиран од Европската унија, ќе го промовираат видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!” кое ќе го означи почетокот на кампањата за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство.
Како што информираат организаторите, обраќања на настанот ќе имаат Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител и Барбара Лигл, раководителка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ има за цел зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Проектот е дизајниран да ги поддржи релевантните институции кои работат на полето на правдата, организиран криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права за подобрување на нивните капацитети, ефективност и влијание.
Проектот е целосно финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Лудвиг Болцман Геселшафт - Институтот за основни и човекови права (LBI-GMR), Министерството за внатрешни работи на Република Словенија (МВР), Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска (МПЈА) и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC). Времетраењето на проектот е 42 месеци, со буџет од 10,25 милиони евра. Повеќе за проектот: rolaw.mk.
Ново на Сител
-
Директорот на Детска контра решението на ДСЗИ – Системски проблем не се решава за 30 дена
-
Со мерки за старите возила Владата сака да го намали аерозагадувањето – За екоактивистите потребен е долгорочен план
-
Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи
-
Министерот за транспорт и уште 10 лица уапсени во Нови Сад
-
Автобусите на ЈСП не возат, а тоа создава сообраќаен хаос
-
Собраниска седница со пратенички прашања
-
Агелер: Постојано се разгледуваат нови имиња за црната листа на САД
-
Граѓанските организации бараат државата да не крати средства од превентивните програми