Македонија
7. October 2016 - 8:51

Промоција на веб-страницата за органска храна

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Oрганизацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) денеска ќе ја промовираат веб-страницата за органска храна.

Каде може да се купи сертифицирана органска храна и како да се препознае националната ознака за органска храна, се само дел од информациите што ќе може да се најдат на интернет -страницата.

Страницата ја изготви ОПМ во соработка со МЗШВ.