-->
-->
Промоција на српското издание на стихозборката „Јазичен триптихон“ на Славе Ѓорѓо Димоски во Белград
-->

Викендов во рамки на Меѓународниот саем на книгата во Белград ќе биде промовирана книгата „Јазичен триптихон“ на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, препеана на српски јазик од Душко Новаковиќ.
Промоцијата на авторското дело на Димоски е закажано за в сабота од 14 часот, на штандот на издавачката куќа „Архипелаг“, додека промотори се Душко Новаковиќ и Гојко Божовиќ.
„Јазичен триптихон“ минатата година ја доби наградата „Ацо Шопов“, а наскоро ќе биде објавено и нејзиното бугарско, како и италијанско издание.
Инаку ова е четвртата книга на Димоски препеана на српски јазик. Претходно своите српски изданија ги имаа уште и неговите книги „Мерач на зборовите“ (Мерач речи), „Поле. Бојно поле?“ (Поље. Бојно поље?) и „Блиска врска“ (Блиска веза).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
