Промоција на собрани дела на Горан Б. Стојаноски

Во Кичево денеска ќе бидат промовирани собрани дела во два тома на Горан Б. Стојаноски, објавени од „Македоника литера“ од Скопје.
Како што соопшти „Македоника литера“, книгите ќе ги претстават Нове Цветаноски и Горјан Петревски во Градската библиотека при Центарот за култура „Кочо Рацин“.
Горан Б. Стојаноски (1966-2010) има напишано шест книги наменети за деца од помала возраст и сите шест се одлично прифатени од младите читатели.
Во првиот том од собраните дела на Горан Б. Стојаноски, под наслов „Дивата убавица“, се содржани трите романи – сказни „Дивата убавица“ (2005), „Вилар“ (2001) и „Доживувањата на Геге супер Геге“ (2010), а во вториот со наслов „Џуџести и други необични сказни“ се вклучени другите три книги кои содржат по триесет до четириесет помали сказни, а тоа се „Џуџести сказни“ (2011), „Трпкавица в ногавица“ (2007) и „Шумски сказни“ (1998).
На крајот на вториот том е објавен и поговор за сите дела од Горјан Петревски, а книгите се илустрирани со цртежи на Благојче Наумоски и Ленче Тосева.
Сказните на Стојаноски се напишани на еден одмерен, сугестивен, досетлив и препознатлив раскажувачки манир, со суптилен приод и лесно разбирливиот текст. Тие ги гради со необични приказни, а често и со необични ликови, а во неговите книги доминантна е вечната и никогаш непрекината борба помеѓу доброто и злото, при што секогаш, се разбира, преовладува доброто.
Горан Б. Стојаноски е автор и на повеќе детски радиодрами, на сценарија за документарни радио и телевизиски емисии и на циклус од десетина радиодрами работени врз народни приказни од Кичевско, а снимени со заедничкиот наслов „Приказни од Кичевско“.
Ново на Сител
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
