Промоција на публикација за обезбедувањето неплатена нега и родовата еднаквост
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ќе промовира публикација за обезбедувањето неплатена нега и поврзаноста со родовата еднаквост.
Публикацијата „Колку чини неплатената работа за нега на возрасни лица кои не се способни самостојно да ги извршуваат основните животни потреби во домаќинствата“ е подготвена врз основа на анализа на истражување спроведено во домаќинства што обезбедуваат нега на возрасни лица со сериозни хронични заболувања, лица со инвалидитет или стари лица.
Клучните наоди од анализата укажуваат дека најголем дел од примарните даватели на нега се лица од женски пол, мнозинството од нив се на возраст на работоспособно население, а времето искористено за давањето на негата во домаќинствата е идентично со бројот на часови на работното време во рамки на една недела. Проценетата вредност на трудот за неплатената нега изнесува 262.947,00 денари на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Голем бод за Македонија против Белгија