Промоција на „Несвети, а свети“ од епископот Јегоревски, г. Тихон во НУБ
Книгата „Несвети, а свети“ од епископот Јегоревски, г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил ќе биде промовирана денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Воведен збор ќе има директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Иван К. Заров, а промотор на изданието (превод) на современ македонски јазик ќе биде проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Најавено е и обраќање на епископот Тихон.
Во рамки на настанот ќе се одржи мал концерт на духовна музика со настап на хорот на Македонската православна црква и на Галина Георгиева. Исто така, посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата посветена на историјата на Руската патријаршија, подготвена за овој повод.
Епископот егорјевски Тихон (Шевкунов) е истакнат претставник на Руската православна црква и викар на московскиот патријарх, г.г. Кирил, и на цела Русија. Покрај тоа, тој е претседател на Советот за култура при патријархот, широко познат теолог, писател и филмски режисер.
Во рамки на посетата на Република Македонија, епископот Тихон вчера во Охрид се сретна со претседателот Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки
-
30 ромски семејства кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови