Македонија
17. November 2016 - 9:39

Промоција на Монографија за сликарството на Павле Кузманоски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана Монографија за сликарството на Павле Кузманоски.

По повод промоцијата на Монографијата, сликарот ќе се претстави со дваесет и шест слики и цртежи создадени во изминативе неколку години.

За монографското издание и за сликарството на Кузмановски ќе говори Ѓорѓи Филипов.

Павле Кузманоски (Тетово, 1939) училиште за применета уметност завршил во Скопје, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Учествувал на двесте и педесет групни изложби, а самостојно се претставил во Тетово, Гостивар, Скопје, Нови Сад, Сараево, Делчево, Охрид, Будва, Кичево, Струмица, Штип, Неготино, Берлин, Нирнберг, Њујорк, Виена, Гевгелија, Белград, Софија, Панчево, Истанбул, Битола, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Ново Село, Кавадарци и Будва.