Промоција на монографија за Александар Џамбазов
Монографијата „Маестро Александар Џамбазов-Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“.
Книгата е во издание на Центарот за музикологија ЦЕМ, а е создадена по иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ во чест на 80-годишнината од раѓањето на Александар Џамбазов.
Промотор на изданието ќе биде Бранка Костиќ-Марковиќ, уредник на Астрорум на Литература.мк.
Монографијата е посветена на животот и творештвото на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, а опфаќа и повеќе периоди од македонската музичка историја.
- Оваа ретка книга изобилува со разнороден материјал и добра систематизација на резултатите од различни методи на истражување. Сите поглавја се документаристички поткрепени со упати на извадоци од весници (дневни, неделни, месечни), архивски материјали (фотографии, партитури, лична архива на маестрото), интервјуа и лични искази на централната личност во книгата. Сето тоа придонесува со сигурност да кажеме дека пред нас имаме една научно издржана, но и крајно интересна и популарна публикација за читање и препрочитување, книга што недвосмислено го збогатува нашиот книжевен свет, соопшти СОКОМ.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во селото Стапар, Војводина. Музичкото образование го оформил во Скопје (основно и средно музичко училиште) и во Белград, каде дипломирал на тамошната Музичка академија во 1960 година. Работниот век го поминал во Македонската радио-телевизија, најнапред како соработник во музичките редакции (1960-1964), а потоа како диригент на Танцовиот оркестар на чие место останува се до крајот на неговиот работен век. Од оваа позиција, неговото име се врзува со втемелувањето на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и е основоположник на најпознатиот фестивал на детска песна во Македонија „Златно славејче“.
Тој е добитник на многубројните признанија, меѓу кои се и највисоките државни („11 Октомври“ за животно дело, „13 Ноември“) и други стручни награди.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево