Промоција на македонски производи на саемот во Мостар
Македонското квалитетно флаширано вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница, малиџано, се дел од македонските производи кои се дегустираат на националниот промотивен штанд во Мостар, Република Босна и Херцеговина, во рамки на Мостарскиот саем што се одржува од 4-ти до 8-ми април.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека интересот за македонските производи, чиј вкус традиционално е познат во овие простори, е многу голем и македонскиот штанд е еден од најпосетените на саемот.
На саемот се претставуваат преку 800 изложувачи од 30 земји. Манифестацијата ја хрватскиот премиер Андреј Плетковиќ затоа што оваа година партнер на саемот е Република Хрватска. На свеченоста присуствуваа голем број на државници од регионот и светот меѓу кои српскиот премиер Александар Вучиќ, претседателот на Република Црна Гора Филип Вујановиќ, кинескиот заменик министер за земјоделство Љу Донгѕу.
Во рамки на саемот се одржува и дводневна конференција на иницијативата 16+1 помеѓу земјите од Југоисточна Европа и Народна Република Кина.
Македонскиот промотивен штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси.
Националната промоција ја организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на македонските производители и Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
