Македонија
19. May 2016 - 8:34

Промоција на Книжевни разговори со Елена Пренџова

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе се одржи промоција на Книжевни разговори со Елена Пренџова.

Елена Пренџова е автор на шест поетски книги. Како поетеса е присутна на книжевната сцена од 2006 година кога ја објавува својата прва збирка поезија „Јас“. Потоа ги објавува книгите „Таа“, „Пораки од Морето“, „Живот под ѕвездите“, „Љубољубна“ и „Политички коректна поезија“. Активно објавува во македонската и странска периодика а нејзината поезија е преведена на албански, босански, бугарски, српски, украински и хрватски јазик. Добитник е на неколку награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија.

За нејзината поезија професорката Кристина Николовска ќе напише: „ Иновација, свежина, нова крв, поетска енергија, ведрина - тоа се поетолошките адути на поетесата. Пренџова ужива во графеменските потенцијали на формата...“

На средбата ќе се разговара за актуелните состојби во македонската книжевост за статусот и вреднувањето на младите писатели, а разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.