Промоција на книгата „Успеси и падови 1993 година“ од Стојан Андов
Книгата „Успеси и падови 1993 година“ од Стојан Андов вечер ќе биде промовирана во Домот на културата во Кавадарци.
Издавач е „Матица македонска“ од Скопје. Делото ќе го промовира Љубомир Гајдов, познат надворешно-политички аналитичар и коментатор, а за богатото публицистичко и книжевно творештво на Андов ќе говорат писателите Раде Силјан и Блаже Миневски.
Стојан Андов (1935, Кавадарци) е истакнат македонски политичар и прв претседател на Собранието на независна Република Македонија. Автор е на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната за Марија“, „Драматичната 1991 и 1992–година на опасни ризици“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти