Промоција на книгата „ТВ БОКС“ на режисерот Златко Славенски

Факултетот за драмски уметности вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „ТВ БОКС Теоретски прилози и филмско сценарио“ на режисерот Златко Славенски (1966-2019), кој беше и драматург и професор на ФДУ по предметот Театарска режија.
-Книгата го опфаќа истражувањето на авторот кое требаше да биде негов докторски труд на тема: „Адаптација на драмски текст во филмско сценарио“, кој тој не успеа да го одбрани поради неговото прерано заминување. Книгата е сочинета од два дела: теоретски прилози и филмско сценарио „ТВ БОКС“, кое е адаптација на авторот од истоимениот оригинален драмски текст напишан од него и петмина актери кои беа вклучени во целото истражување, соопшти ФДУ.
Филмското сценарио „ТВ БОКС“ е резултат на долгогодишното истражување на авторот кое почнува со пишување драмски текст „ТВ БОКС“ и негово вообличување во театарска претстава, потоа негово адаптирање во ТВ-сценарио и снимање на истоимениот ТВ-серијал од пет епизоди и адаптирање на драмскиот текст во филмско сценарио „ТВ БОКС“ кое сега излегува од печат.
-Ваквиот развој и завршница на овој концепт е значаен за пошироката јавност и поради уметничко-истражувачката вредност, но и поради својата отвореност, а книгата останува како трага и сведоштво за извонредно богатиот и сложен експериментирачки дух на нејзиниот автор, соопшти ФДУ за книгата на Славенски која вечер ќе ја промовираат професорите Сашко Насев, Александар Прокопиев и Небојша Вилиќ.
Ново на Сител
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран

