Промоција на книгата „Тело одречено од пливање“, наградена на Рациновите средби 2017
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ вечер од 19 часот организира промоција на дебитантската поетска книга на Митко Апостолов насловена „Тело одречено од пливање“, која ја доби наградата „Антологија на болката“ на годинашните Рациновите средби.
Митко Апостолов е роден 1987 година во Тетово. Дипломирал на Машинскиот факултет-Скопје. Негови песни и кратки раскази се објавени во списанијата „АКТ“ и „Чивилук“.
Бил учесник на меѓународни книжевни средби и е застапен во антологии на поезија од помлади автори. Учествувал на повеќе поетски читања.
Во 2016 година настапил на 15. Меѓународна книжевна средба во Велење, Словенија, каде е објавен во антологијата на словенечки јазик „Фестивал на антологија на изворна и преведена европска поезија на 21 век“.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?