-->
-->
Промоција на книга со интервјуа „Време во зборови“
-->
Во винскиот бар „Подрум“ вечер ќе биде промовирана книгата „Време во зборови“ на новинарката Благородна Абрашева-Ноциќ, објавена од издавачката куќа „Или-Или“.
Книгата е збирка од ексклузивни интервјуа објавувани во последните три години во магазинот „Теа-модерна“, во која се изнесени и личните белешки и гледишта за соговорниците, истакнати писатели и новинари, меѓу кои и добитничката на минатогодишната Нобелова награда за литература, Светлана Алексиевич. Во книгата се содржани и интервјуа со личности од балканската естрада, како и дел од најголемите кулинарски имиња во светот.
Промотори на изданието ќе бидат Емилија Андоновска-Пападимитров и владиката Пимен, а во музичкиот дел ќе настапи битолскиот рок-бенд „Ние (запирка) другарите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата