Македонија
10. March 2017 - 9:11

Промоција на книга со интервјуа „Време во зборови“

Во винскиот бар „Подрум“ вечер ќе биде промовирана книгата „Време во зборови“ на новинарката Благородна Абрашева-Ноциќ, објавена од издавачката куќа „Или-Или“. 

Книгата е збирка од ексклузивни интервјуа објавувани во последните три години во магазинот „Теа-модерна“, во која се изнесени и личните белешки и гледишта за соговорниците, истакнати писатели и новинари, меѓу кои и добитничката на минатогодишната Нобелова награда за литература, Светлана Алексиевич. Во книгата се содржани и интервјуа со личности од балканската естрада, како и дел од најголемите кулинарски имиња во светот.

Промотори на изданието ќе бидат Емилија Андоновска-Пападимитров и владиката Пимен, а во музичкиот дел ќе настапи битолскиот рок-бенд „Ние (запирка) другарите“.