Промоција на францускиот регион Алзас во Македонија
Француска делегација предводена од директорот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Филип Шукрун, денеска ќе ја посети Стопанската комора на Македонија.
Алзас ќе биде промовиран пред стопанственици, но ќе стане збор и за унапредување на економската соработка.
На промоцијата ќе присуствува и француската амбасадорка Лоренс Оер.
Организирани ќе бидат и средби со претставници на Секретаријатот за европски прашања, на Сојузот на стопански комори и на Министерството за локална самоуправа на кои ќе се разговара за јакнење на деловните односи.
Делегацијата составена од општински советници, економски промотори, претставници на здруженија, познати готвачи и слаткари, попладне ќе учествува и на прес-конференцијата „Добредојдовте во Алзас“ во хотелот „Мериот“ каде ќе го претстави својот регион од економски, туристички и гастрономски аспект.
Француската делегација престојува во Македонија од 19 до 22 јуни.
Ново на Сител
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона