Промоција на донаторската акција „Нахрани 10.000“

Претставници на мрежата „Сите сити“ денеска ќе ги повикаат граѓаните и бизнисмените да се приклучат на големата донаторска акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи по повод 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта.
Жителите на Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, може да донираат храна од 10 до 19 часот на 32 локации.
Организаторот информира дека акцијата ја организираат поради податоците кои покажуваат дека 445.099 граѓани имаат проблем да си обезбедат храна или во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат десетици илјади тони храна.
Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на кои им е потребна, може да се намали проблемот со гладта и сиромаштијата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
