Промоција на детски сликовници во Крива Паланка
Во градската библиотека „Кочо Рацин“ при Националната установа Центар за култура, Крива Паланка денеска беа промовирани најновите детски сликовници од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство" кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи "Чекор по чекор“.
На промоцијата присуствуваа стотина дечиња, ученици од прво до трето одделение од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ од Крива Паланка.
Колекцијата детски сликовници е насловена „Нашата пра библиотека“.
- Оваа колекција е доставена до сите основни училишта, во сите паралелки до прво до трето одделение за да се работи со нив, а по една колекција беше дистрибуирана и во сите училишни биболиотеки ширум земјава. За да бидат достапни до целата популација, пак, сликовниците се доставени и во сите градски библиотеки во 33 градови, изјави Ана Димовска од фондација „Чекор по чекор“ .
Во пилот фазата на проектот кој има за цел да ја подобри јазичната и математичката писменост кај децата, додаде, беа опфатени 60 училишта од земјава.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството