Промоција „15 години поддршка за фер судења“
Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ ќе ја промовира публикацијата „15 години поддршка на фер судења“.
Во изминатите 15 години, Коалицијата следеше судења со фокус на почитувањето на човековите права и слободи на граѓаните со цел враќање на довербата на граѓаните во судските институции.
- На овој настан ќе биде презентирана работата на Коалицијата преку осврт на проектите и промоцијата на правото на фер судење, како и новите предизвици со кои се соочува Коалицијата и целосната методологија на работа, велат пд Коалицијата.
Посебно внимание ќе се посвети на новиот проект кој што започна да го имплементира Коалицијата „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија“ кој што ќе опфаќа анализа за правилна имплеменгација на стандардите за фер и правично судење, финансиските импликации за водење на граѓанска судска постапка, пристапот до правда на маргинализираните категории на лица, но и истражување со кое што ќе се изврши проценка на физичкиот пристап до правда како пристапност до пристапни рампи/лифтови, толкувачи од знаковен јазик и Браево писмо за судски документи.
Коалицијата е невладина организација која е составена од 14 организации членки со цел да го следи почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење, преку разни форми на дејствување во настојувањето да се зголеми нивото на имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се поврати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија