Прометот во индустријата бележи раст
Прометот во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани бележи зголемување од 21,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 41,1 отсто, Капитални производи за 13,4 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,9 отсто.
Прометот во индустријата, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи зголемување за 0,3 проценти.
Објавените податоци покажуваат дек апрометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи раст од 27 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 58,6 отсто, Капитални производи за 135,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,3 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 бележи намалување од 31,8 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи зголемувае од 20,1 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 36,7 отсто, Капитални производи за 11,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,7 отсто и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 27,7 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи зголемување од 13,6 проценти.
Ново на Сител
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети