Променливо време со повремен пороен дожд
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува седум, минималните температури од 14 до 22, а дневната највисока температура ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите од 20 до 33 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината. Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на престојниот викенд. Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Ново на Сител
-
Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго
-
Нова вулканска ерупција на Исланд, петта од декември
-
Сиљановска Давкова се сретна со началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
-
Сиљановска Давкова се сретна со началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
-
МОН: Учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година
-
Малолетници од Неготино извршиле обљуба, 19-годишник уценувал малолетничка со видео материјалот
-
Видевски го смени исказот, Обвинителството тврди дека има докази
-
Матични се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови