Променливо облачносо сончеви периоди, попладне нестабилно
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно претпладне со почести сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено на север и на запад. УВ=7.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне и со услови за појава на нестабилност со повремено пороен дожд и грмежи. Температурата од 14 до 27 степени.
До четврток ќе се задржи променливо облачно време, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови. Во петок и сабота ќе има појава на повремен локален дожд.
Ново на Сител
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел
-
Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“
-
САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда