Македонија
21. January 2024 - 8:42

Променливо облачно со сончеви периоди, но со ниски температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но со пониски температури.

Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 9 до 0, додека во текот на денот ќе достигнат меѓу минус 3 и 5 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темератирата во текот на днот ќе достигне до 2 степена.