Променливо облачно со претпладневен локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, освен во среда, кога ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи..
МИА
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште
-
Прекин на услугите на Google предизвика проблеми за корисниците
-
Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел
-
Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд
-
Трамп: Ќе продолжам да се борам за мир во Украина
-
Вработен во Агенција за храна и ветеринарство не се појавувал на работа а примал плата, четворица надлежни го дозволиле тоа