Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од утрото со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата - ќе бидат пообилни во западните и во северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта.
Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, од денеска до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
-Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 литри на квадратен метар) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер, и над 70 километри на час, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
-

Мицкоски: Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати
-

Протест на ССМ за повисока минимална плата и подобри услови за работа
-

Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти, се проверува дали компании прават реекспорт на горива во соседството
-

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани
-

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации
