Променливо облачно, кон крајот на денот дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет. В недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд, над 40 литри на метар квадратен и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, над 60 километри на час.
Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска