Променливо облачно и врнежливо време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Ветерот ќе засилува најпрвин околу пладне на северот од земјата. Најмалку врнежи ќе има во централните делови и кон југоистокот.
Утринската температурата ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 11 до 17степени.
Во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура. Во среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено.Во петок ќе има ново наоблачување со врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање до петок кога ќе бидат околу нулата, но и за времето на викендот кога наутро ќе имаме само неколку степени над нулата.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети