-->
-->
Променет крајот на филмот “The Notebook”, обожавателите бесни
-->
Еден од најславните романтични филмови некогаш снимен, “The Notebook” е достапен на Нетфликс, но доколку припремивте кутија хартиени марамчиња за една од најважните сцени во филмот, би можеле да се разочарате.Имено, една од највпечатливите сцени во романтичната приказна на Ноа и Ели, нивната заедничка смрт, на крајот од филмот нема да ја видите во верзијата на Нетфликс. Наместо тоа, филмот завршува откако дементната Ели се сеќава на нивната љубов, а последното нешто што гледачите можат да го видат е како тие двајца се држат за рака.
Бројните обожаватели на филмот го изразиле своето незадоволство на социјалните мрежи.
“Само што го гледав “The Notebook” на Нетфликс и сфатив дека го исекле крајот. Како можевте да ја скратите последната минута кога е толку битна?”.
“Го исекле крајот. Што се случува, што сте направиле, што беше погрешно со таа сцена? Згрозена сум”.
“Бесна сум што Нетфликс го исекол крајот на филмот. Ми го упропастивте денот”.
“Шокирана сум. Како се осудувате да ми ја одземете приликата за неконтролиран плач. Што друго ќе ме натера толку да плачам?”, се само дел од коментарите кои се појавија на социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
