Пролетна еко акција во Општина Карпош
Општина Карпош и оваа година ја спроведе традиционалната сезонска акција на масовно чистење на сметот во пресрет на доаѓањето на пролетта. Акцијата ја спроведоа комуналните хигиеничари и вработените во Општина Карпош.
Градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски рече дека со постепеното затоплување на времето, снегот се топи, и останува ѓубре, хартија и друг вид на отпадоци кои влијаат штетно врз животната средина и кој мора да се отсранат.
Првиот човек на Општината, ги повика граѓаните, веќе на пролет, да ги изнесуваат непотребните предмети, и дотраени апарати за домаќинство, и со помош на Општина Карпош, истите да бидат однесени на соодветно место, т.е на депонија, предвидена за смет и ѓубре.
Јакимовски ја поздрави акцијата на индивидуалните граѓани за посадување на дрвја во населбата Карпош 4, но нагласи дека во изминатите четири години, локалната самоуправа засадила вкупно 10.280 дрвца и садници, или симболично секое семејство во Карпош 4 има свое дрво.
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи