Пролетна акција од кампањата „Македонија без отпад“ во Неготино
На три локации денеска во Неготино се реализира пролетната акција од кампњата „Македонија без отпад“, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Агенцијата за млади и спорт и општините со Јавните комунални претпријатија.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески се приклучија во акцијата во Неготино и чистеа околу спортската сала „Младост“.
- Во суштина оваа акција има две цели. Едната цел ја чини едукативниот аспект, подигнување на свеста кај граѓаните за да не оставаат отпад на несоодветни места. Да има едно регулирано управување со отпадот. Од друга страна, пак, во овие пролетни денови да направиме акција на чистење, да собереме отпад. Во моментов во Македонија се присутни многу такви мали диви депонии, нагласи заменик-министерот.
Тој укажа дека пролетната акција е од помал обем.
- Акцијата „Македонија без отпад“ ја спрведуваме веќе петта година. Есенската акција ја спроведуваме во сите општини во Република Македонија, а пролетната ја таргетираме во неколку општини. Овој пат избравме две рурални и две урбани општини, специјалната мисија на чистење е Тиквешкото езеро, рече Темелковски.
Директорот Спасески потенцира дека активно се вклучуваат во акцијата со свои активисти, особено со познати и признати спортисти.
- Сите заедно треба да упатиме апел дека не само при одбележување на вакви големи денови, како што е Меѓународниот ден за заштита на животната средина, туку и секој ден, сите луѓе со своето поведение треба да претставуваат пример како сите заедно треба да се грижиме за здрава и чиста животна средина, рече Спасески.
Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов рече дека годинава чистат на потегот од влезот од Скопје за Неготино, на булеварот се до спортската сала „Младост“.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП