Бизнис
3. February 2016 - 19:42

Програмата за рурален развој сериозна поддршка за општините

За 2016 програмата година опфаќа финансиска поддршка од 2 милијарди 45 милиони денари, средства кои ги користат и општините за развој и инвестиции во инфраструктура, локални патишта, водоводи и канализациони системи, а земјоделците за развивање на земјоделските стопанства, модернизација и набавка на нова опрема.

Ова беше тема и на работниот состанок кој вчера го одржа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со дел од градоначалниците и одговорните за ресорот земјоделство.

За Груевски програмата има корисна вредност особено во делот на инвестиции во руралните места и со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. (тонско Груевски )

Речиси сите  општини кои аплицираа за средства од оваа програма реализираат значајни проекти.

Меѓу нив е и Новаци, која само по последниот повик доби три проекти од 32 милиони денари. Преку програмата за рурален развој жителите на Драчево ќе добијат Дом на култура што беше барање токму на жителите на ова населено место.

Позитивен пример на искористени средства е и општина која редовно реализира по неколку проекти од програмата за рурален развој. На последниот повик одобрени и се над 50 милиони денари.

Во општината Кривогаштани преку оваа програма ќе се гради дел од фекална канализација во Славеј и Крушеани, како и неколку улици и плоштад.

Општина Ресен преку оваа програма на последниот повик доби три проекти над 40 м денари.

Програмата за рурален развој се смеат за особено важна за развојот на онии општини кои немаат високи буџети и имаат потреба од дополнителна поддршка од буџетот на државата.